Четвртата и последна дводневна Online обука (16 часа) за КПУ за 2025 година ја планираме за 16 и 17.12 (вторник и среда), во термин од 9:00 часот. И овој циклус го ко-организираме во форма на Online обука заедно со колегите од Глобал Гроуп Консалтинг (mojkonsultant.mk). Формулар за пријава ќе најдете најдолу на страницата.
📅Термин: 16 и 17.12.2025 (вторник и среда), од 9:00
💻Начин на следење: Online (Zoom + YouTube), со обезбедена снимка и електронски материјали за последователно повторување на предаваното.
Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени на мејл.
📗Теми и агенда:
*** Агендата е предмет на одобрување од страна на ИСОС и во тој контекст може да претпри дополнителни измени до денот на одржување на обуката.
🧑💼Предавачи



+++ Гостин, еден од водечките експерти од областа на даноците во Македонија, кој за време на и по предавањата ќе биде достапен да одговори на Вашите конкретни прашања со цел да ги разрешат конкретните дилеми поврзани со практичната примена на одредбите од материјалните даночни закони.
Цена: Цената изнесува вкупно 4.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 4.720 денари по слушател. Уплатата се врши на една од трансакциските сметки на организаторите, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот кој може да го најдете на Веб страниците и по издадена фактура.
💶Податоци за уплата:
- Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
- Трансакциски сметки:
- 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
- 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
- Цел на дознака: КПУ 4/2025 за *Име на лице и број на лиценца*.
📄Формулар за пријава:
Заради усогласеност со новиот Правилник за КПУ донесен од ИСОС, сите заинтересирани мора да се пријават и да извршат уплата најдоцна до 15.12.2025 и да бидат континуирано приклучени од своите компјутери за време на Онлајн семинарот, затоа што списокот со присутни и изворните податоци од платформата преку која истиот ќе се одржува мора да бидат доставени до ИСОС најдоцна 8 дена по одржување на семинарот!








