Обуките се изведуваат хибридно: со физичко присуство но и Online. Со уплата за секоја од двете обуки следува соодветен прирачник со реални примери.

За сите оние кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството: Обука за напредно сметководство!

📅 Термини (5 часа): 10.12 (среда), 18:00, 11.2 (четврток), 18:00, 15.12 (понеделник), 18:00, 16.12 (вторник), 18:00 и 17.12 (среда), 18:00.

💶 Промотивна цена: 7.500 денари💥.

📕 Теми: Евиденција и даночен третман на специфични категории на приходи и расходи (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, финансиски одобренија и задолженијарасходување на основни средства, евиденција на растур, кало, крш и расипување и сл.), ревалоризација и обезвреднување на основни средства, залихи во специфични ситуации (производство, алокација на трошоци кон вредност на готови производи, евиденција по плански цени и други интерни книжења поврзани со залихите кај производствени претпријатија, трговци на големо и мало), евиденција на приходи кај повеќегодишни договори за изградба, третман на специфични ситуации од аспект на ЗДДВ (физички лица, член 32, 32-а, член 14), и Законот за данок на добивка (комплицирани примери со утврдување на даночна основа со непризнати расходи, намалување на даночна основа со реинвестирана добивка, пресметка на обврска за аконтации и утврдување на даночна обврска и сл.), комплетен осврт на секое поединечно поле од даночниот биланс (образец „ДБ“) и на ДДВ пријавата (образец „ДДВ-04“), покомплицирани примери со утврдување на даночна основа, пресметка на аконтации и обврска за данок кај данокот на личен доход, нормативен правен и сметководствен третман на исплатите на дивиденди итн. 


Финансиска анализа и контрола: Обука за претприемачи, кредитни аналитичари, брокери, советници, сметководители и ревизори…

📅 Термини (4 часа): 22.12 (понеделник), 18:00, 23.12 (вторник), 18:00, 24.12 (среда), 18:00, 25.12 (четврток), 18:00.

💶 Промотивна цена: 6.000 денари 💥.

📕 Теми: Подготовка на извештај за парични тековианализа на финансиски извештаи преку реални примери од бруто биланс и аналитички картички (ликвидност, солвентност, активност, задолженост и профитабилност), вертикална и хоризонтална анализакористење на MS Excel како алатка при анализата.


Пакет (напредно сметководство + финансиска анализа), по промотивна цена од 10.000 денари 💥 .

Слушателите на обуката за практично сметководство од овој или од претходни циклуси обуки кои сакаат да ги слушаат и другите две обуки (напредно сметководство и финансиска анализа) треба да извршат само доплата од сумата која ја имаат уплатено до сега до 20.000 денари.


За повеќе информации може да не побарате на нашите контакт телефони или мејлови.