Отворено е пријавувањето за новиот микро курс за деловна комуникација и вмрежување (со физичко присуство)

Во светот на бизнисот и граѓанскиот сектор, секоја порака и секој контакт прават разлика. Овој микро курс е осмислен да ви помогне да комуницирате јасно, уверливо и со стил – и да создавате деловни односи што траат.

Наместо теорија, ќе добиете алатки и практични техники што веднаш можете да ги примените: како да ја обликувате Вашата приказна, како да изградите личен бренд и како да оставите впечаток кој отвора врати.

Доколку сакате да бидете препознаени како професионалец кој знае како и што да каже – и уште поважно, како да се поврзе со вистинските луѓе – тогаш овој курс е вистинската инвестиција за Вас.

На овој микро курс ќе научите:

  • Како да комуницирате со самодоверба и да оставите впечаток што се памети – вербално, невербално и писмено;
  • Како да создадете моќни пораки и убедливи приказни што ја пренесуваат Вашата визија и идеи, кои се паметат и прекажуваат;
  • Како да пишувате ефективни и професионални имејлови, извештаи и соопштенија за медиуми што ќе поттикнат интерес за Вашата компанија, организација или институција;
  • Како да работите подобро во тим, да решавате конфликти успешно и да градите мостови со различни култури и партнери;
  • Како да изградете личен бренд и мрежа на контакти што отвора врати – и во живо и онлајн.

Овој курс не само што Ве учи како да комуницирате ефективно во деловниот свет, туку Ве опремува со практични вештини за јавен настап, вмрежување и градење личен бренд. Она што го разликува од другите е дека добивате концентрирано знаење преку реални примери, симулации и конкретни вежби што веднаш може да ги употребите.

За кого е наменет овој микро курс?

  • Претприемачи и стартап основачи кои сакаат успешно да градат контакти и деловни партнерства;
  • Лидери на тимови и вработени од различни сектори кои соработуваат со странски клиенти и се одговорни за градење на партнерства;
  • Директори, менаџери, членови на органи на управување и надзор, сите оние кои имаат контакт со клиенти, добавувачи, вработени;
  • Вработени во компании, организации и институции кои секојдневно соработуваат со партнери и клиенти;
  • Лица на кои им претстојат јавни настапи, презентации, учества на семинари и конференции, како и медиумски појавувања;
  • Млади професионалци кои сакаат да ја зајакнат својата комуникација и видливост;
  • Студенти и дипломци кои се подготвуваат за своите први професионални чекори;
  • Сите кои сакаат да бидат поуверливи, подготвени и успешни во комуникацијата;
  • Сите кои сакаат да развијат личен бренд и ефективни стратегии за лично и дигитално вмрежување.

Претходно искуство со настапи пред медиуми и на поголеми настани не е неопходно.

Сесиите ќе ги водат Ана Алибегова, консултантка за стратешки комуникации, Виолета Стоименова Наумоска, заменик – главна уредничка на дневниот весник „Вечер“ и Благоја Грозданов, извршен директор на Конто Профит.   

Термини и организација на курсот:

Курсот опфаќа 18 часови, во периодот од 20-27 септември и тоа:

  • 20-ти септември (сабота) – 4.5 часови, од 09:00 – 13:30;
  • 22-ри септември (понеделник) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
  • 23-ти септември (вторник) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
  • 25-ти септември (четврток) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
  • 27-ми септември (сабота) – 4.5 часови, од 09:00 – 13:30.

Еден час трае 45 минути, во рамки на сесиите предвидени се и кратки паузи. Деталната агенда ќе биде доставена до учесниците непосредно пред почетокот на курсот.

Предавањата ќе бидат во просториите на Конто Профит, бул. „ Јане Сандански“ бр. 79А, локал 10 (сутерен).

Микро курсот опфаќа индивидуална и работа во групи, интерактивни сесии, како и комбинација на теорија, примери и вежби. Овој пристап обезбедува не само знаење, туку и способност за практична примена веднаш по завршување на курсот.

Сертификат:

Учесниците кои ќе присуствуваат на 70% од сесиите ќе се стекнат со сертификат за учество издаден од КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје. Конто Профит постои и работи повеќе од 30 години и до сега има обучено над 3000 стручни кадри за различни теми поврзани со професионалното работење.

Цена и можности за плаќање:

Вкупната цена за микро курсот за деловна комуникација и вмрежување изнесува 9.000 денари, а учесниците може да се пријавуваат најдоцна до 15 септември 2025 г. (понеделник). За рана уплата до 12 септември 2025 г. (петок) следува попуст, односно вкупната цена изнесува 7500 денари.

Како да се пријавите?

Пријавите за курсот се со пополнување на следниот краток образец.

    Име и презиме (пополнете уредно, на кирилица. Ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон:


    По пополнување на образецот, ќе бидете контактирани од тимот на Конто Профит.

    За сите дополнителни прашања, контактирајте нѐ на obuki.kontoprofit@gmail.com или пак на 075 59 33 40.