Отворено е пријавувањето за новиот микро курс за практично пишување и менаџирање на проекти (со физичко присуство).
Замислете да можете идејата што ви се врти во глава да ја претворите во проект што добива поддршка, финансирање и носи вистинска промена – токму тоа е целта на овој микро курс за пишување и менаџирање на проекти!
Дизајниран специјално за бизниси, организации и претприемачи кои сакаат да дојдат до нови ресурси, изградат партнерства и го прошират своето портфолио за работа, курсот нуди корисни алатки, примери од „прва рака“ и совети што веднаш се применуваат.
Ако сакате Вашата идеја да стане проект што добива „да“ од донатори и партнери – ова е местото од кое треба да почнете.
На овој микро курс ќе научите:
- Да ја претворите Вашата идеја во јасен проект кои вреди да добие финансиска поддршка;
- Да научите како да идентификувате проблем прецизно и да понудите решение;
- Да напишете убедлива проектна апликација со јасна логичка рамка, цели, активности и очекувани резултати;
- Да подготвите реален и одржлив буџет и да управувате со проектни ресурси;
- Да примените алатки за управување со ризици, мониторинг и евалуација на проектот;
- Да комуницирате ефективно со донатори, партнери, членови на тимот и засегнати страни;
- Да го менаџирате проектот успешно, спроведувајќи квалитетни активности и ефективно раководејќи со буџетот.
Предноста на микро курсот за „Практично пишување и водење на проекти“ е што за само неколку часа добивате концентрирано и практично знаење што други го учат со недели – без губење време, директно до резултати што носат шанса за финансирање и раст!
За кого е наменет овој микро курс?

- Мали и средни бизниси што сакаат да развиваат проекти, аплицираат за грантови и изградат партнерства.
- Граѓански организации, фондации и неформални групи кои сакаат да ги подобрат своите вештини за пишување и менаџирање на проекти.
- Компании што спроведуваат општествено одговорни иницијативи (CSR) и сакаат да го подобрат својот стратешки пристап за нивно планирање и имплементација.
- Социјални претприемачи и иноватори со креативни идеи што бараат финансиска и организациска поддршка.
- Лица што сакаат да започнат или унапредат кариера во проектен менаџмент, со практични и применливи знаења.
Претходно искуство со менаџирање на проекти не е неопходно.
Сесиите ќе ги водат Ана Алибегова, консултантка за проектен дизајн и комуникации и Благоја Грозданов, извршен директор на Конто Профит.
Термини и организација на курсот:
Курсот опфаќа 18 часови, во периодот од 10-19 септември и тоа:
- 10-ти септември (среда) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
- 12-ти септември (петок) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
- 13-ти септември (сабота) – 3 часови, од 09:00 – 12:00;
- 16-ти септември (вторник) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
- 18-ти септември (четврток) – 3 часа, од 17:00 – 20:00;
- 19-ти септември (петок) – 3 часа, од 17:00 – 20:00.

Еден час трае 45 минути, во рамки на сесиите предвидени се и кратки паузи. Деталната агенда ќе биде доставена до учесниците непосредно пред почетокот на курсот.
Предавањата ќе бидат во просториите на Конто профит, бул. „Јане Сандански“ бр. 79А, локал 10 (сутерен).
Микро курсот опфаќа индивидуална и работа во групи, интерактивни сесии, како и комбинација на теорија, примери и вежби. Овој пристап обезбедува не само знаење, туку и способност за практична примена веднаш по завршување на курсот.
Сертификат:
Учесниците кои ќе присуствуваат на 70% од сесиите ќе се стекнат со сертификат за учество издаден од КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје. Конто профит постои и работи повеќе од 30 години и до сега има обучено над 3.000 стручни кадри за различни теми поврзани со професионалното работење.

Цена и можности за плаќање:
Вкупната цена за микро курсот изнесува 8.000 денари, а учесниците може да се пријавуваат најдоцна до 5.9.2025. (петок). За рана уплата до 29.8.2025 (петок) следува попуст, односно вкупната цена изнесува 6.500 денари.
За уплата на две или повеќе лица од истата организација следи 10% попуст за второто лице и 15% попуст за третото и секое наредно лице.
Како да се пријавите?
За сите дополнителни прашања, контактирајте нѐ на obuki.kontoprofit@gmail.com или пак на 075 59 33 40
Пријавите за курсот се со пополнување на краток образец кој ќе го најдете во продолжение:








