Сите средни и големи субјекти кои водат сметководство согласно кај нас усвоените МСФИ, при поднесувањето на финансиските и даночни извештаи за 2025 година, за прв пат треба да се усогласат со новите МСФИ 15 и МСФИ 16. За да го олесниме процесот на ова усогласување, нудиме цел пакет услуги!
Како може да Ви помогнеме?
Ќе ви помогнеме целосно да се усогласите со новите стандарди:
- Пресметки и евиденција на приходи од договори со купувачите согласно новиот МСФИ 15;
- Пресметки и евиденција на договори за наем (лизинг) согласно новиот МСФИ 16;
- Советувања во врска со даночниот третман на евиденцијата на настаните по МСФИ 15 и МСФИ 16.

Нашите услуги опфаќаат:
- Креирање на лесни Excel алатки за пресметки кои ќе може да ги прилагодите и користите и во иднина;
- Креирање на сметководствени политики за примена на новите МСФИ 15 и МСФИ 16;
- Конкретни теркови за евиденција, предлог конта, поврзување на евиденција со достапна документација;
- Поткрепени мислења и насоки за даночен третман на релевантни настани и евиденција поврзана со МСФИ 15 и МСФИ 16.
Од кога се во примена новите стандарди?
Новите стандарди се применуваат од 1.1.2025, што значи треба да сте усогласени при поднесувањето на финансиските и даночни извештаи за оваа година.
На што се однесуваат новите стандарди и кои се главните разлики од досегашната пракса?
МСФИ 15 – „Приходи од договори со купувачи“ го заменува стариот МСС 18 и се однесува на признавање на приходите.
Главните разлики меѓу МСФИ 15 и МСС 18 ги презентираме во продолжение:
| Критериум | МСС 18 – Приходи (укинат од 1.1.2025) | МСФИ 15 – Приходи од договори со клиенти |
|---|---|---|
| Основен принцип | Признавање на приход врз основа на пренос на значајни ризици и награди | Признавање на приход врз основа на пренос на контрола на стоките или услугите |
| Пристап / модел | Нема унифициран модел; правила по категории (стоки, услуги, камати, дивиденди) | Единствен модел со 5 чекори за сите договори со клиенти |
| Структура на стандардот | Краток, општ, со ограничени насоки | Детален и систематизиран, со обемни насоки и примери |
| Идентификација на договор | Не е експлицитно регулирана | Јасни критериуми за идентификација и комбинирање на договори |
| Обврски за извршување (performance obligations) | Не постои поимот | Јасно дефинирани и задолжително се идентификуваат посебно |
| Распределба на цената | Нема јасни правила за распределба | Трансакциската цена се распределува по обврски според самостојни продажни цени |
| Време на признавање на приход | Главно во еден момент (при испорака) | Во одреден момент или со текот на времето, зависно од контролата |
| Комплексни договори | Слабо опфатени (пакети, повеќе елементи, варијабилни цени) | Детално уредени (варијабилна противвредност, бонуси, попусти, пенали) |
| Договори за услуги / долгорочни договори | Општи правила, често различна практика | Јасни критериуми кога приходот се признава со текот на времето |
| Индустриски специфики | Ограничени насоки | Специфични насоки за ИТ, градежништво, лиценци, франшизи |
| Обелоденување | Минимални барања | Проширени и детални обелоденувања за природата, износот и неизвесноста на приходите |
Последиците од погрешна примена на овој стандард би биле далекусежни и во доменот на финансиското, но и во даночното известување, особено во делот на данокот на добивка бидејќи основата на која се пресметува овој данок е секако добивката добиена како разлика меѓу приходите и расходите.
МСФИ 16 – „Лизинг“ го заменува стариот МСС 17 и се однесува на евиденцијата на наемите.
Главните разлики меѓу МСФИ 16 и МСС 17 може да ги најдете во табелата подолу:
| Аспект / Елемент | МСС 17 (укинат од 1.1.2025) | МСФИ 16 |
|---|---|---|
| Модел на евиденција за корисникот (lessee) | Двоен модел: Финансиски лизинг: признување на средства и обврски (биланс на состојба). Оперативен лизинг: не се признаваат во биланс на состојба (off-balance), само трошок на кирија во биланс на успех на праволиниска основ | Единствен модел: Корисникот ги признава речиси сите лизинзи во билансот на состојба („ROU“ средство на актива и долгорочна лизинг обврска во пасива). Исклучоци: краткорочни наеми и за активи со низок вредност. Нема разделба на оперативни/финансиски за корисник |
| Признaвање на актива (право на користење) кај корисникот | Не се евидентира на активa за оперативни лизинзи; само финансиски лизинг има призната актива | Призната е актива – право на користење (ROU asset) за речиси сите лизинзи |
| Признaвање на обврска за лизинг кај корисникот | Долгорочна обврска само кај финансиски лизинг (обврска) | За сите лизинзи (со мали исклучоци) се признава лизинг обврска за сегашната вредност на идните плаќања |
| Трошоци во биланс на успех (P&L) кај корисникот | Финансиски лизинг: амортизација на активата и финансиски трошок за обврската. Оперативен лизинг: тековни трошоци за наем на праволиниска основа | Сите лизинзи (освен краткорочни / наеми со ниска вредност): амортизација на ROU средство и финансиски трошок за камата |
| Исклучоци / поедноставувања за корисникот | Нема специјални исклучоци, се евидентира според класификацијата на оперативен и финансиски лизинг | Дозволени поедноставувања за краткорочни лизинзи (≤ 12 месеци), наеми со ниска вредност (компјутери, ситен инвентар и сл.) |
| Обелоденувања (disclosures) | Помалку барања за откривање информации за лизинг | Значително повеќе барања за обелоденувања на рокови, ефекти врз финансиски позиции, идни плаќања итн. |
| Сметководствен третман за давателот (lessor) | Класификација на лизинзи како финансиски или оперативни, со прикажување на приход и евиденција на побарувања | Слично како во МСС 17 – практично непроменето |
| Класификација на лизингот како оперативен или финансиски (lease classification) | Клучна за корисникот | За корисник нема никакво влијание |
Овој стандард практично комплетно го менува третманот на лизингот кај корисниците на лизинг. Од 1.1.2025, кај сите договори за наем кој ефективно се однесуваат на подолг период од една година, без разлика дали се оперативни или финансиски лизинзи, корисниците на наем се задолжени да прикажат основно средство, т.н. „право на користење“ по сегашната вредност на сите плаќања, како и долгорочна обврска за лизинг како позиции во билансот на состојба. Импликациите во билансот на успех би биле дека отсега кај наемите ќе се прикажуваат два вида на трошок: трошок на пресметана имплицитна камата и трошок за амортизација.
Очигледно, овде е исклучително важно правилно да се пресметаат и евидентираат сите аспекти на договорите за потоа истите да може коректно даночно да се истретираат!








