Трето КПУ во 2024 година, во ко-организација на Конто Профит и Global Consulting Group.

🔜 Третата еднодневна Online обука (8 часа) за КПУ за 2024 година ја планираме на 18.10 (петок), во термин од 9:00 часот. И овој циклус го ко-организираме во форма на Online обука заедно со колегите од Global Consulting Group (smetkovoditeli.com.mk). Формулар за пријава ќе најдете најдолу на страницата.

Термин

📆 18.10.2024, петок од 9:00.

Начин на следење

💻 Online (Zoom + YouTube stream), со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

Теми и агенда

ДАНОЦИ: 2 часа
  • Организирана исхрана и превоз: нормативни и даночни аспекти (ЗДД,ЗДЛД и ЗДДВ);
  • Посебни видови на даночна основа за ДДВ при промет на употребувани моторни возила (чл. 19, став (1), т. 4 и став (7) од ЗДДВ).
МСС и МСФИ: 2 часа
  • Примена на концептот на обезвреднување на средствата согласно МСС 36;
  • МСС 18 Приходи (Оддел 23 од МСФИ за МСЕ) – Специфичности при признавање на приходи од продажба/услуги;
  • Новиот МСФИ 15 – Приходи од договори со купувачи: Специфичности на новиот стандард, постапка за премин кон примена на новиот стандард, признавање на приходи во пет чекори според новиот стандард.
Корпоративно право: 1 час
  • Статусни промени, присоединување, спојување и поделба на трговски друштва (нормативен и даночен третман).
МСС и МСФИ: 2 часа
  • Побарувања од купувачите во МСФИ за МСЕ и во новиот МСФИ 9 наспроти стариот МСС 39 – евиденција, мерење и отпис (сметководствени и даночни аспекти);
  • Државна поддршка и помош: МСС 20 и Оддел 24 од МСФИ за МСЕ (сметководствени и даночни аспекти).
Знаење во областа на ИТ: 1 час
  • Примена на вештачката интелигенција ВИ во сметководствената професија.

Детална агенда може да превземете од тука:

Предавачи

+++ Гостин од Министерството за финансии, експерт од областа на индиректните даноци и даночниот систем на Македонија кој ќе може да одговори на вашите конкретни прашања!

Цена

💶 Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

Податоци за уплата:
  • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
  • Трансакциски сметки:
    • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
    • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
  • Цел на дознака: КПУ 3/2024 за *Име на лице и број на лиценца*.

ВАЖНО: Заради усогласеност со новиот Правилник за КПУ донесен од ИСОС, сите заинтересирани мора да се пријават и да извршат уплата најдоцна до 16.10.2024 и да бидат континуирано приклучени од своите компјутери за време на Онлајн семинарот, затоа што списокот со присутни и изворните податоци од платформата преку која истиот ќе се одржува мора да бидат доставени до ИСОС најдоцна 8 дена по одржување на семинарот!

Формулар за пријава

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: