Првата дводневна Online обука (16 часа) за КПУ за 2025 година ја планираме за 12 и 13.2, во термини од 9:00 часот. И овој циклус го ко-организираме во форма на Online обука заедно со колегите од Глобал Гроуп Консалтинг (mojkonsultant.mk). Формулар за пријава ќе најдете најдолу на страницата.

Термин

📆 12 и 13.2 (среда и четврток) од 9:00.

Начин на следење

💻 Online (Zoom + YouTube stream), со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

Теми и агенда

1️⃣ ДЕН 1:

ДЕЛОВНО ПРАВО: 0,5 часа (9:00-9:20) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Потпишување и доставување на годишни сметки од аспект на Законот за вршење на сметководствени работи и Законот за трговски друштва.

ДЕЛОВНО ПРАВО: 2 часа (9:20-10:40) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Усвојување на годишна сметка и распоредување на резултат:
  • Свикување на годишен собир на содружници односно собрание на акционери;
  • Донесување на одлуки за усвојување на ГС, распоредување на резултат, исплата на дивиденда, право на дивиденда, покривање на загуба или реинвестирање на добивка;
  • Примери и теркови за актите кои се неопходни за усвојување на ГС и распоредување на резултатот.

ДЕЛОВНО ПРАВО: 0,5 часа (10:40-11:00) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Подготовка на Годишен извештај за работењето според Законот за трговски друштва и презентација на реален пример за ГИРД.

Пауза: 10 мин. (11:00-11:10).

ДЕЛОВНО ПРАВО: (11:10-11:50) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Законска рамка за годишна сметка и финансиски извештаи, презентирање и разгледување на закони и законски акти кои се поврзани со обврската за составување и поднесок на ГС и ФИ и содржината на истите.

МСС и МСФИ: 1 час (11:50-12:30) со Симона Павловска, овластен сметководител, бр. на уверение 0106210 и овластен ревизор и М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • МСС 1 и Оддел 3-5 од МСФИ за МСЕ: Презентирање на финансиски извештаи и утврдување на резултат од работењето низ практични примери.

Пауза: 20 минути (12:30-12:50)

ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ: 3 часа (12:50-14:50) со Симона Павловска, овластен сметководител, бр. на уверение 0106210 и овластен ревизор

  • Подготовка на ДБ, ДБ-ВП и ДБ-ВП/НП за 2024 со примери.

2️⃣ДЕН 2:

ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ: 0,5 часа (9:009:20) со М-р Јани Павловски, магистер по правни науки:

  • Поднесување на годишни сметки – рокови – тарифи и слично.

ДАНОЦИ: 2 часа (9:20-10:40) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • Специфики околу промет кон и од ТИРЗ од аспект на ЗДДВ;
  • Пополнување на последна ДДВ-04 пријава.

Пауза: 10 минути (10:40-10:50)

ДАНОЦИ: 2 часа (10:50-12:10) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • Услови за право на одбивка и промена на околности (член 37);
  • ДДВ при статусни измени.

Пауза: 20 минути (12:10-12:30)

ДАНОЦИ: 1,5 часа (12:30-13:30) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • Глобален данок на добивка.

Пауза: 10 минути (13:30-13:40)

МСС и МСФИ: 2 часа (13:40-15:00) со М-р Благоја Грозданов, М-р по економски науки и овластен сметководител, бр. на уверение 0101767:

  • МСС 16 и Оддел 17 МСФИ за МСЕ – недвижнини, постројки и опрема;
  • МСС 2 и Оддел 13  МСФИ за МСЕ – залихи.

Предавачи

+++ Гости, експерти од областа на даноците кои за време на и по предавањата ќе бидат достапен да одговори на Вашите конкретни прашања со цел да ги разрешат конкретните дилеми поврзани со практичната примена на одредбите од материјалните даночни закони и новиот глобален данок на добивка.

Цена

💶Цената изнесува вкупно 4.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 4.720 денари по слушател. Уплатата се врши на една од трансакциските сметки на организаторите, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот кој може да го најдете на Веб страниците и по издадена фактура.

Заради усогласеност со новиот Правилник за КПУ донесен од ИСОС, сите заинтересирани мора да се пријават и да извршат уплата најдоцна до 11.2.2025 и да бидат континуирано приклучени од своите компјутери за време на Онлајн семинарот, затоа што списокот со присутни и изворните податоци од платформата преку која истиот ќе се одржува мора да бидат доставени до ИСОС најдоцна 8 дена по одржување на семинарот!

Податоци за уплата:
  • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
  • Трансакциски сметки:
    • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
    • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
  • Цел на дознака: КПУ 1/2025 за *Име на лице и број на лиценца*.

Формулар за пријава

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: