Дали вашиот даночен биланс е усогласен со македонската легислатива, дали имате пропуштени материјално значајни износи на непризнати расходи или дали пропуштате можности за намалување на даночната основа?
Ви нудиме комплетен пакет услуги за проверка на Вашата даночна усогласеност од аспект на данокот на добивка и поднесок на образецот „ДБ“:
- Комплетна анализа и проверка на непризнатите расходи;
- Анализа на даночна амортизација;
- Анализа на трансфери кои по својата економска суштина се заеми кон физички лица или странски правни лица;
- Анализа на ненаплатени побарувања и неисплатени обврски;
- Анализа на можности за намалување на даночна основа;
- Даночно советување и планирање поврзано со данокот на добивка.
- Усогласување на сметководствени политики.
Не дозволувајте да бидете непријатно изненандени и да пропуштите можности за користење на даночни поволности!








